Достапни линкови

logo-print

Државна регулација


Владата мора да преземе мерки на државна регулација доколку сака што поскоро да ја надмине состојбата на рецесија во која се наоѓа македонската економија. Не држи тезата, дека владата треба да остане на страна и да ги остави бизнисмените сами да се снаоѓаат на пазарот, вели академик Таки Фити:

„Не може да се тргне, ако претпријатието икс должи данок на државата, тогаш државата треба тоа да го реши. А, како ќе го реши? Ако го бара целиот данок, никогаш нема да го добие, као го оживее претпријатието тоа и натаму ќе си пчаќа данок.“

Не можеме да очекуваме заживување на економијата единствено со релаксирање на монетарната политика, промена на курсот на денарот и зголемување на стапката на инфлација за пет до шест насто. Неопходно е активирање на големите капацитети кои не функционираат:

„Треба претприемачите да се заинтересирани коишто нудат програми да им се овозможи под поволни услови да ги земат и да ги активираат.“

Каде е грашката и зошто фирмите пропаднаа, гласно размислуваат и граѓаните, кои на свој грб го почуствуваат пропаѓањето на компаниите и сега се на улица на работа:

„Поради вмешаност на политиката и корупцијата пропаднаа фирмите.“
„Не гледам ниту една фирма во Македонија што се рестартираше. Ги зедоа бизнисмени што немаат пари, па ги рушат и ги продаваат како старо железо.“


Владата не смее да остане интертна, кога е во прашање борбата против бирократијата. Македонија не смее и понатаму да го држи приматот во Европа на земја каде на бизнисмените им е потребен најдолг период за регистрирање фирма:

„Ние седум години зборуваме за едношалтерски систем. Па, треба еднаш тоа да се направи, ама требало да се променат 70 закони, па треба да се променат и ќе се променат,“

вели Тако Фити.
XS
SM
MD
LG