Достапни линкови

logo-print

Ретроградните ставови на црквите имаат и политички импликации


Спорот меѓу македонската и православните цркви во соседството кои не го признаваат нејзиниот статус и името, според професорот по социологија на религијата Зоран Матовски, спротивно на принципот на секуларизација што подразбира одвоеност на црквата и државата, покажува дека политиката длабоко се инвлолвира во црквата:

„Се работи за спор којшто добива политички импликации и спор којшто влегува во прашањето што е национални и религиско.“

Тој додава:

„За разлика од политичките елити, црковните елити и во рамките на српската, грчката, бугарската, руската итн, не се на страната на МПЦ. Веројатно влијание имаат и политичките елити во Грција, коишто проблемот со името го поврзуваат со осамостојувањето на црквата.“

Спорот на МПЦ со СПЦ според владиката Петар недвосмислено ја потврдува вмешаноста на политиката. Според него, обидите на СПЦ преку расчинетиот владика Зоран Вранишковски да инсталира паралелна црква во Македонија јасно го потврдува тој обид:

„Сето тоа говори дека била измама декларацијата на СПЦ, дека тие во Македонија признаваат посебен народ, посебна нација, црквата македонска, се покажа и докажа дека таа Охридска архиепископија, со нивните декларации, е вусшност српска црква во Република Македонија.“

Токму вмешаноста на ретроградните елементи на политичките и црковните елити, во де факто црковниот спор меѓу македонската и останатите црковни елити, според професорот Матевски покажува дека во неговото надминување може да помогнат и нецрковните претставници на тие земји, со кои декларативно нашата земја има добри политички односи:

„Апсолутно 15 години по паѓањето на комунизмот ние сме во ситуација кога црковните елити се ретроградни, додека политичките елити се проевропски настроени и тие мораат да помогнат во решавањето на овој спор.“
XS
SM
MD
LG