Достапни линкови

Одземање на концесиите на некои кабелски оператори


Ниту еден од вкупно 65-те кабловски концесиониери во земјава нема дозвола за работа, односно нивната техничка мрежа не е легализирана. Во таа насока градежната инспекција најавува отстранување на кабловските мрежи бидејќи концесионерите немаат соодветна дозвола за градба за поставување на мрежата.

Кабловските оператори имаат поднесено барања до Минситерството за транспорт и врски, во мај оваа година иако согласно концескиот договор постапката треба да биде спроведена во рок од 90 дена од потпишување на договорот. Операторите вината ја префрлаат во Министерството:

„Ниту една кабелловска телевизија во Македонија нема добиено дозвола за градба, значи не е до нас, туку е до Министерството за транспорт и врски,“

вели Стево Момировски од кабловскиот оператор Телекабел.

Од министерството за транспорт и врски пак одговараат:

„Испратени се две писма до операторите за комплетирање на нивната документација. Не може, без согласност од локалната самоуправа и другите одобренија што треба да бидат во документацијата Министерството да издаде согласност,“

изјавува Лидија Станчевска портпарол на Министерството.

Освен работењето на диво, хаосот во функционирањето на кабловските оператори во земјава дополнително е зголемено и со нивната наплата кон граѓаните. Во таа насока, министерството за економија побара од нив намалување на цените за приклучок. Операторите изјавуваат:

„Ќе ја почитуваме одлуката на министерот за економија, со тоа што постапката по правен пат ќе ја тераме до врховен суд.“

Советот за радиодифузија, кој е надлежен за издавање на концесии на кабловските оператори, најавува

„Ги пробија сите рокови што им беа дадени и најверојатно, Советот наскоро ќе покрене иницијатива за одземање на некои концесии,“

вели Илир Ајдини заменик претседател на Советот.

Евентуалното укинување на кабловската, кај граѓаните предзикува ваква реакција.

„Несфатливо. Како може тој да ме исклучи од светот.“
„Не е во ред, ама треба да се почитуваат прописите во правна држава.“
XS
SM
MD
LG