Достапни линкови

Вашингтон: Финишира кампањата на Буш и Кери


Американскиот претседател Џорџ Буш и неговиот ривал, сенаторот Џон Кери, на неколку дена пред изборите, кампањата ја свртеа кон неодамнешното откритие дека во Ирак, веднаш по американската интерванција лани, исчезнале триста и четириест тони експлозив. Кери го обвини Буш дека не успеал соодветно да го обезбеди експлозивот и оти со тоа сега ги доведува во опасност американските војници. Буш, од своја страна изјави Кери не смее да донесува избразни заклучоци, бидејќи е во тек истрага за да се види дали експлозивот исчезнал пред или по влегувањето на американските сили во Ирак.
XS
SM
MD
LG