Достапни линкови

Букурешт: Силен земјотрес, нема жртви, само материјална штета


Во синоќешниот земјотрес со сила од пет запирка осум степени по Рихтеровата скала што ја погоди Романија, според последните информации, немало жртви и не била причинета поголема материјална штета. Епицентарот бил во областа Вранчеа, сто и седумдесет километри северно од Букурешт. Земјотресот бил почувствуван во повеќе градови во Романија, но и во Турција и во Украина.
XS
SM
MD
LG