Достапни линкови

Фалуџа: Уништена куќа засолниште на силите на Заркави


Во денешниот американски воздушен напад врз ирачкиот град Фалуџа била уништена една куќа за која постоело сомневање дека била засолниште на терористичката група на Абу Мусаб ал Заркави. Во нападот загинале најмалку две лица. Американските сили скоро секојдневно бомбардираат делови на Фалуџа со цел да ги истрераат припадниците на оваа група која е дел од терористичката мрежа Ал Каида.
XS
SM
MD
LG