Достапни линкови

Рамала: Здравствената состојба на Арафат влошена


Палестинскиот лидер Јасер Арафат денеска присуствувал на утринската молитва во неговиот главен штаб во Рамала, но, како што јавуваат агенциите, видливо уморен и слаб. Здравствената состојба на седумдесет и пет годишниот Арафат, кој веќе две недели болува од грип, значително се влошила синоќа кога, според палестински извори, десетина минути бил во бесознание. Веднаш потоа биле повикани неколкумина јордански лекари кои го прегледале, по што е соопштено дека состојбата на Арафат се стабилизирала, но оти и натаму му била потребна медицинска нега. Израелските власти, кои скоро две ипол години, го држат Арафат под опсада во Рамала најавија дека тој може да замине на лекување во странство. Постојат извештаи дека сопругата на Арафат, Суха заминала од нејзиниот дом во Париз за Рамала што е за прв пат во изминативе неколку години.
XS
SM
MD
LG