Достапни линкови

logo-print

Нелојалната конкуренција лошо влијае на производството


Нелојалната конкуренција во бизнисот со текстил е на добар пат да ја уништи оваа стопанска гранка. 80 насто од бизнисот со текстилни производи се врши на зелените пазари, каде стоката или воопшто не е евидентирана, што значи за неа не е платена ниту царина, ниту данок или е регистрирана по многу пониски цени:

„Не постои никаква логика, вие еден производ којшто ги знаете цените на репроматерјалите во Европа, истиот производ да се продава по пониска цена,“

вели Маријана Перковска, сопственичка на текстилната фирма „Ист Комерц“.

Наместо во развој, нашите напори се насочени во единствена цел, да преживееме, коментираат сопствениците на се помалиот број текстилни фабрики:

„Во Штип каде што е концентрирана 80 насто од конфекцијата, е во лоша состојба, имаме погони коишто веќе работат редуцирано, односно не работат.“

е ставот на Венцислав Филипов, потпретседател на асоцијацијата на текстилните преработувачи.

Упорноста на владата и натаму да остане царината за увоз на репроматеријалите само дополнително ја отежнува ситуацијата:

„Воопшто не треба да се плаќа царина на репроматеријали. Тие треба да се изостават од плаќање.“

Покрај за репро материјали текстилците се приморани да плаќаат царина и за транспортните услови, што според Перковска е еден од најголемите апсурди во царинската политика:

„Нема никаква логика, покрај тоа што сме оптеретени со царина за репроматеријали, плус да бидеме оптеретени за транспорт.“
XS
SM
MD
LG