Достапни линкови

logo-print

Брисел: Европскиот парламент може да го одложи гласањето за Европската комисија


Европскиот паралмент, како што јавуваат агенциите, би можело да го одложи денешното гласање за предложениот нов состав на Европската комисија. Имено, такво барање било пристигнато од новиот претседател на комисијата Хозе Мануел Барозо кој се соочува со можно неизгалсување на неговите министри. Франција веќе се закани со вето во однос на тимот Барозо поради контроворезните коментари што ги изрече предложениот еврокомесар за правда, Роко Бутиљоне. Тој неодамна изјави дека хомосексуалноста е грев и оти жената треба да биде пред се домаќинка. Европскиот парламент не може да ја одбие кандидатурата на само еден член, бидејќи смее да гласа само за состав на Комисијата во целост.
XS
SM
MD
LG