Достапни линкови

Њујорк: Уапсени 22 членови на албанска криминална банда


Американските власти соопштија дека уапсиле дваесет и двајца членови на албанска криминална банда во Њујорк. Станува збор за организацијата Рудај, именувана според нејзиниот лидер Алекс Рудај. Во обвининието се наведува дека оваа банда употребувала насилство во контролата на игрите со среќа во Њујорк и во областа Вечестер. Агенциите јавуваат дека тоа е прв случај во Соединетите Држави во кој една албанска група се обвинува за рекетарство.
XS
SM
MD
LG