Достапни линкови

logo-print

Експертите велат не може, партиите поделени


Локални избори мора да има. Резултатите од референдумот не треба да се доведуваат во корелација со општинските избори, ги толкуваат експертите по уставно право, најавите за евентуално ново одложување на изборите за дополнителна една година односно нивно одржување во 2006-тата, наместо март 2005 тата.

„Одлагањето на изборите не е поврзано со исходот на референдумот. Затоа што референдумот може да го укине овој закон за територијална организација и да го врати стариот, според тоа, изборите ќе се спроведуваат секако. Или по избор на совети и на градоначалници на 123 општини или со избор на 80-тина колку што ги има според новиот закон,“

објаснува професорот на Правниот Факултет Саво Климовски. Во наредната година, по стапувањето на сила на стариот закон за територијална органзиација доколку референдумот биде успешен, политичките партии можат да ги започнат разговорите за нов закон за територијална поделба, по кој дополнително би се одржале нови избори, смета професор Климовски:

„Доколку сите политички субјекти се договорат и се усогласат интересите, во тој случај нема никаква пречка да се донесе нов закон. Во една таква ситуација ќе се отвори и процесот на нови избори. Подобро е да имате било какви органи на власт кои ќе функционираат во одреден момент, отколку да ги немате, да живеете во една неизвесност, а на старите им го продолжувате мандатот до бесконечност.“

Владеачката СДСМ сметаат дека најверојатно ке бидат принудени за одолжување на локалните избори, доколу старата општинска организација остане во сила:

„Тоа се објективни околности кои би настапиле од евентуално успешен референдум.“

вели Борис Кондарко од СДСМ

На иста линија е и нивниот коалиционен партнер ДУИ, кој одбива одржување на избори според стариот закон во 123 опШтини.

„Ние сме гласале закон во Собранието, со него е одредено времето кога треба да се одржат локалните избори.“

во опозицијата пак, ги отфрлаат најавите за одложување на изборите и велат

„Нема потреба од одлагање на локалните избори,“

изјавува Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG