Достапни линкови

Њујорк: Честитки од Кофи Анан до косовските лидери за мирниот тек на изборите


Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан упати честитки до косовските лидери за мирниот тек на саботните парламентарни избори во покраината. Анан воедно изрази и разочарување од слабиот одѕив на српското малцинство. Според првичните резултати, Демократскиот Сојуз на претседателот Ибрахим Ругова освои четириесет и седум насто од гласовите, а на второ место е Демократската партија на Хашим Тачи со освоени дваесет и седум проценти.
XS
SM
MD
LG