Достапни линкови

Киргистан: Претседателот Акаев побара ригорозни мерки против тероризмот


Претседателот на Киргистан Аскар Акаев денеска побара од безбедносните сили на неговата земја да преземат поригорозни мерки против тероризмот и религискиот екстремизам. Акаев пред Советот за безбедност на владата рече дека тероризмот, зголемувањето на бројот на оружјата за масовно уништување, организираниот криминал и дрогата ја загрозуваат националната безбедност на земјата. Акаев побара неутрализирање на исламистичките екстремистички групи кои работат во земјата, како и идентификување на изворите на нивното финансирање. Акаев ја критикуваше и корупцијата во полицијата и судството.
XS
SM
MD
LG