Достапни линкови

logo-print

Двете земји подготвени за вистинско решение за спорот со името


Македонија и Грција се подготвени за вистинско, а не привидно решение за спорот околу името меѓу двете земји, што би се одвивало со посредство на Обединетите Нации. Оваа подготвеност ја потврдија денеска министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Илинка Митрева и Петрос Моливијатис на заедничката средба во Скопје:

„Двете држави се согласни да дадат нова динамика на разговорите во врска со уптребата на уставното име на Република Македонија. Тие ќе се одвиваат во ОН, во вообичаениот формат. Ние ја искажавме и денес, и претходно, а тоа ќе го направиме и во иднина, нашата принципиелна позиција, која е позната и во повеќе наврати веќе јавно искажана. Ние би можеле, на наредната средба во Њујорк, во врска со оваа позиција на Република Македонија, да дадеме и некои дополнителни аргументи.“

„Желни сме да соработуваме многу интензивно, за да најдеме взаемно прифатливо решение, во рамки на разговорите коишто се случуваат под покровителство на секретарот на ОН.“


изјавија Митрева и Моливијатис, потенцирајќи дека решавањето на овој спор, дополнително ќе ги потврди добрите меѓусосетски односи меѓу двете земји.

Грција ја поддржува земјава во нејзниниот пат за интегрирање во ЕУ, но во рамки на посетата Моливијатис испрати предупредување за можното забавување на евроинтеграциите на државава, на чиј пат, како што се рече, може да застанат некои работи што ќе се случуваат во наредните неколку недели:

„Да не се случат одредени развои на настаните што би можеле да имаат негативни последици во приближувањето кон ЕУ.“

Посебен акцент од останатите теми на кои разговарале грчкиот и македонскиот шеф на дипломатијата, бил ставен на економијата и понатамошната соработка на овој план.

Грција е еден од најголемите инвеститори во земјава, истакна Митрева додавајќи дека потпишувањето на неколку договори за кои станало збор на средбата, ќе ја продлабочи оваа соработка.
XS
SM
MD
LG