Достапни линкови

Приштина: На Косово денеска парламентарни избори


На Косово денеска се одржуваат парламентарни избори втори од 1999 од кога покраината е администрирана од Обединетите Нации. За 120 места во парламентот се натпреваруваат 22 партии, 6 коалиции и пет граѓански иницјативи. Право да гласаат имаат милион и нешто повеќе од 400 тини илајди избирачи. Косовските срби се заканија дека ќе ги бојкотираат изборите поради загриженоста за безбедноста по етничките насилства во март годинава кога 19 лица беа убиени а стотици домови разурнати. Агенциите јавија дека стотина раселени срби од здружението Свети Сава во Јагодина го блокирале гласачкото место за Србите во основно училиште. Тие носеле транспаренти ,, Продадени души – гласајте кај Тачи и не сакаме избори Косово во Србија“. И овие избори се во организација на ОБСЕ.
XS
SM
MD
LG