Достапни линкови

Отворање на прашањето за името


Грчкиот министер за надворешни работи Петрос Моливијатис доаѓа во Македонија прв пат од промената на владата во Грција и од неговото стапување на таа функција. На посетата и претходена неколку најави, за заинтересираноста на Атина, за вистински, а не привиден дијалог околу името, како и за потребата од добра волја кај македонската страна за изнаоѓање заеднички прифатливо решение. Според упатените, ваквите пораки во Грција, произлегуваат од нервозата во Атина од американските и други меѓународни декларирања на поддршката на нашето име. Истовремено, иницијативноста се должи и од очекувањата на Грција дека со станувањето членка на Советот за безбедност на ОН од јануари наредната година и претседавач со процесот на југоисточна Европа дополнително ќе може да ги котролира работите во своја полза. Изјавата на Моливијатис дека Грција е заинтересирана да го реши спорот, но оти е потребна добра волја на Скопје, всушност е потврда дека сегашнаѕа влада на Нова Демократија, нема намера да ретерира во спорот, што токму за време на мандатот на таа партија и е наметнат на Македонија, вели аналитичарот Ѓунер Исмаил:

„Очиглено, Република Грција, не расчистила со нејзините намери, оваа земја во потполност да ја проблематизира како постоење, како интегритет.“

Не е спорно дека потрагата по решение мора да продолжи, оценува професорот Денко Малевски:

„Останува пред владите на двете земји, со помош на посредниците да најдат излез од оваа ситуација.“

За македонската страна, ова е двојната формула, и Моливијатис ќе биде пречекан со истиот став, што шефицата на дипломатијата му го соопштила во септември во Њујорк. Македонија ги поздравува заложбите за интензивирање на преговорите, но останува на ставот преговорите да се водат под поковителство на ОН и за двојната формула како единствено решение, велат во МНР.

Сепак, дипломатската иницијатива на Грција, не смее да се дочека дефанзивно, предупредуваат експертите. Затоа што, предлогот на Грција за взаемно прифатливо решение, не е ништо друго освен барање за промена на нашето име. На ваквата иницијатива, мора да и биде спротиставена јасна и прецизна стратегија за водење на преговорите:

„Постојаното одлагање и туркање под тепих му дозволува на нашиот јужен сосед, да се занесува, дека е на прагот на некаков успех.“
XS
SM
MD
LG