Достапни линкови

logo-print

Убиени тројцата кумановчани кои беа киднапирани пред два месеца


Писмениот извештај на експертскиот тим, предводен од заменик министерот за надворешни работи Фуад Хасановиќ, во кој се потврдува веродостојноста на снимката на катарската телевизиска мрежа „Ал Џезаира“ за егзекуцијата на тројцата кумановчани кои беа киднапирани пред два месеци, на семејствата на Зоран Насковски и Далибор Лазаревски, три и пол часа по полноќ, премиерот Хари Костов и министерот за внатрешни работи Силјан Аврамовски го донесоа во домот на семејството Лазаревски. Средбата на премиерот и министерот со семејствата се одвивала далеку од очите на јавноста. Засега е познато дека според облеката на снимката, било утврдено дека егзекутираните се Лазаревски и Насковски, а дека третиот, Драган Марковиќ, бил убиен уште на денот на киднапирањето, кога тројцата работници, кои заминаа преку американската фирма „Софуан Инженеринг“, се наоѓале надвор од америкснаката база.

Под силна пресија на тага и болка, исцрпени од неизвесноста, и растргани од најразновидни, дури и контрадикторни информации, семејствата Лазаревски, Насковски и Марковиќ и натаму не сакаат да веруваат дека нивните најблиски не се веќе живи. Кај нив, сеуште постои троа надеж, дека сето ова е само еден кошмарен сон и дека Далибор, Зоран и Драган се живи. Сопругата на Марковиќ, не може да верува во напишаното на хартија и таа ќе бара дополнителни аргументи за судбината на нејзиниот сопруг.

Групата од 19 работници во Ирак се очекува да пристигне во Куманово. Нивниот лет беше закажан за вчера, а неизвесно е дали воопшто и денеска ќе биде реализиран. Во Куманово не пристигнаа ниту тројцата кумановци, кои самоиницијативно го напуштиле Ирак и веќе неколку денови се во Турција, каде што се во постојан контакт со нашата амбасада.
XS
SM
MD
LG