Достапни линкови

Егзистенцијалните проблеми и натаму топ грижа за Македонците


Егзистенцијалните прашања, невработеноста и економско-социјалната состојба во државава, се проблемите кои најмногу ги засегаат македонските граѓани. Ова го потврдува и најновото истражување на Меѓународниот републикански институт. Дури половина од граѓаните сметаат дека невработеноста е најсериозниот проблем во земјава. Малото смирување на безбедносната ситуација, што досега беше главна преокупација на граѓаните, се причина на површина да излезат економските проблеми, „во услови кога неможете да ги обезбедите најосновните егзистенцијални потреби, не размислувате за ништо друго,“ сметаат експертите:

„Економската егзистенција на секој човек му е основна биолошка потреба за да има повисоки мотиви и очекувања. Ако тоа не е исполнето, не може ниту да размислува каква е државата, дали во неа има криминал итн.“

објаснува профессор по социјална психологија, Верица Стаменкова Трајковска од Филозофскиот факултет.

Како потврда и на анкетата, без многу размислување на прашањето што е најсериозниот проблем во земјава, граѓаните веднаш одговараат - невработеноста!

„Најбитни се економските прашања и невработеноста.“
„Немаштијата“
„Толку ветувања има, а ништо.“



По економските проблеми, следуваат другите грижи, пред се, безбедноста и референдумот. :

„Безбедноста.“
„Ова со законот за локална самоуправа што е.“


Притиснати од проблемите на несигурност, страв, неизвесност, немаштија, носталгично се потсетуваат на минатите времиња кога ваквиот тип на проблеми за нив биле непознаница. Изразено во бројки, преку анкетата на Меѓународниот републикански институт, еден фрапантен процент од Македонците, 82% сметаат дека животот во поранешниот систем бил подобар. Професор Трајквска во оваа насока објаснува:

„Токму таа несигурност ги прави овие промени во ставовите од пред одредено време и денес.“

Доловувајќи ги тогашните безгрижни времиња, еден македонски граѓанин заклучува:

„Се живеело фантастично, сум имал и чоколадо за детето, и кола и секоја година одмор, а сега десет години не сум бил на одмор.“
XS
SM
MD
LG