Достапни линкови

Чија е одговорноста?


Можеше ли поинаку е прашањето што се поставува во врска со случајот на тројцата киднапирани Македонци. Владата вели не. Македонија не е доволно силен фактор што може да спроведе истрага и да интервенира во воените услови на Ирак

„Во Ирак владее хаос. Нашето воглавно беше ослонување на оние институции на ирачката влада и на контингентите на американската војска,“

изјави премиерот Хари Костов. Случајот навистина е нетипичен два месеца од киднапирањето никој не побара откуп, не постави услови за ослободување на киднапираните кумановчани. Сепак, требаше ли да се остане само на обид за контакти преку ирачките привремени власти и американската амбасада во Ирак против кои се борат терористите

„Требаше веднаш да се реагира. И требаше да се види кои земји малку се замериле на ирачката терористичка структура, а имаат таму претставништва, па преку нив да се работи. Веројатно арапските земји, Египет, Украине веројатно можела, сигурно треба да се воспотави контакт и да се допре до оваа организација која ги држела овие наши,“

вели поранешниот амбассадор во таа земја, шефот на либералите Стојан Андов. Тој посочува можеби најважната работа што требаше да се направи, е да се спречи заминување на нашите луѓе во Ирак

„Можеше да се овозможи да се создаде реална претстава за тоа како е во Ирак и што ги чека луѓето таму.“

Владата вели дека предупредувања се дадени

„Дадовме повторно едно предупредување до граѓаните на Република Македонија врзано за нивното патување и престојување во Ирак коешто има безбедносни импликации,“

изјави министерката за надворешни Илинка Митрева. Но, податоците со кои се шпекулира во отсуство на официјални бројки за неколку стотини Македонци кои работат за странски фирми во Ирак говорат поинаку. Дури сега, по веста за егзекуцијата што ја објави „Ал Џезеира“ МВР реагира со потврда за сознанија оти во Куманово се ангажираат работници и најави проверка на законитоста на фирмите кои испраќаат македонски државјани во странство. Таквите предупрдувања се задоцнети, но сепак неопходни оценува Андов:

„Бидејќи и сега има некои што врбуваат некои тука низ Македонија.“
XS
SM
MD
LG