Достапни линкови

Скопје: Привремена забрана за влез во Македонија на српскиот владика Иринеј


Македонските гранични служби изутрината времено му забраниле на српскиот епископ Иринеј да влезе во Македонија во црковна облека. Тој бил пропуштен откако било утврдено дека транзитира кон Солун. Министерството, како што јавуваат македонските агенции, не е известено дека тоа предизвикало дипломатски инцидент. Имено, според белградските медиуми, српскиот премиер Воислав Коштуница кој, исто така, патувал кон Солун со авион на средбата на православните цркви и европската народна партија, одбил да се качи во авионот солидаризирајќи се со Иринеј и упатил остра критика до македонските власти. Според српските медиуми, по реакциите на властите во Атина и Брисел на епископот Иринеј му било дозволено да транзитира низ Македонија.
XS
SM
MD
LG