Достапни линкови

Степенот на корупција сеуште висок


Македонија се наоѓа на 97-то место според степенот на корупција од вкупно 146 земји од целиот свет, рангирани на листата на „Транспаренси Интернешенал“ за годинава. ,,Корумпираноста во земјава сеуште е висока, но може да се смета дека е забележан извесен напредок споредено со минатата година“, изјави претседателот на Транспарентност Македонија Зоран Јачев:

„Оваа година бележиме скок од десет места нагоре, во однос на лани, кога бевме 106-ти од 133 анализирани земји. Можеме вака да го анализираме тоа, имаме десет места погоре, но и 13 земји повеќе на ранг-листата. Така што, ова е едно подобрување на рејтингот на Македонија, но нашето мислење е дека е далеку од доволно, далеку од очекуваното и далеку од она што ни е потребно за да можеме да го попоравиме својот рејтунг во очите на меѓународната заедница.“

Рангирањето врз основа на шо се пресметува степенот на перцепција на корупмираноста, се врши во индексни поени, а оценката која ја има Македонија е 2,7 индекси. Не само на вкупната листа на земји во кои е вршено истражувањето, туку споредено и со земјите од регионот, додава Јачев, Македонија неможе да се пофали со задоволителни резултати:

„Бидејќи се наоѓаме на 16-тото место од 27 места, зад нас од регионот се само СЦГ, со којашто го делиме истото место со која што го делиме истото место и на светската ранг листа и на ранг листата од регионот и Албанија.“

Судството, полицијата, политичките партии во државава, се посочуваат за едни од најкорумпирани институции.

Со вакви резултати, заклучува Транспарентност Македонија, борбата против корупцијата мора да продолжи:

„Анти-корупциската борба во Република Македонија ќе мора да продолжи. Таа ќе мора да биде поинтензивна, постручна, посеопфатна и нема да смее да зависи од политичката волја на било која политичка гарнитура во Република Македонија.“

Во истражувањето на „Транспаренси Интернешнал“, учествуваат 12 релевантни светски институции, како на пример Светската банка, Европската банка за обнова и развој, оделот за истражување на познатиот магазин „Економист“. Во Македонија се направени седум поединечни истражувања што дава поверодостоен податок за степенот на корупцијата. Податоците се добиваат од домашните државјани, но и странски лица кои се наоѓаат во земјата која е предмет на истражувањето.
XS
SM
MD
LG