Достапни линкови

Пречка за инвестициите


Македонскиот пазар е преплавен со фалификати. Во земјава може за просечна цена од 500-тини денари да се купи било кој производ од познатите светски марки, за многу ниска цена да се ,,обнови“ музичката колекција се разбира со пиратски ЦД дискови, и секако вклучувајќи ги тука дури и прехрамбените производи.

Несоодветната законска регулатива, дозволува во земјава да „царува“ фалификатот, а многубројните фалсификатори кои со лажна етикета на производот вршат имитација на оригиналот, се стекнуваат со нелегално право што им носи профит за сметка на производителите на оригиналите. Македонија е на врвот од листата според стапката на пиратство и фалсикаторство:

„Којшто најчесто, кај стоката за широка потрошувачка се произведува тука, тоа е и кај алатите и кај текстилот, додека кај останатите производи, онаму каде треба повисока технологија, фалсификатите доаѓаат и од соседните земји и од Турција.“

изјавува Валентин Пепељуговски, од Организацијата на потрошувачи на Македонија, кој ги објаснува механизмите за заштита од ваквиот вид нелегална трговија, кои вели тој очигледно во земјава отсуствуваат:

„Потребна е координација на повеќе органи и тоа на царинските служби, пазарната инспекција, инспекцијата за авторско право.“

Во насока на поголема заштита, од Царинската Управа велат, дека до Владата веќе е доставен Предлог закон за заштита на интелектуална сопственост и се чека на негово усвојување:

„Се дава едно големо право на царинската управа да може да врши контрола на пиратските и фалфикуваните увози. Ова ќе биде стимул за инвеститорите, зашто повеќе трговски марки коишто сакаат да отворат претставништво или дуќан тука бегаат од таа иницијатива знаејќи дека пазарите се преплавени со вакви производи.“

вели Златко Ветеровски од Царинската управа на Македонија.

Во меѓувреме македонските потрошувачи незнаат каков квалитет на стока купуваат, а контролните механизми за нивна заштита се ,,концентрирани,, единствено на нивните реакции до Организацијата на потроШувачИ, која пак може да делува во насока на враЌање на купената стока:

„Соковите, пијалаци се толку фалсификувани.“
„Има секакви производители, посебо турската стока.“
XS
SM
MD
LG