Достапни линкови

Во политичките партии нема демократска пракса


Во политичките партии во земјава нема демократска пракса, тоа се дел од структури од стариот систем кои само се адаптирале во нови услови, менталитетот од стариот систем сеуште доминира, коментира Горги Иванов професор од Правниот факултет во Скопје во контекст на спротивставените мислења по одредени прашања во политичките партии. Последен таков случај е на пример оној во Лидебаралдемократската партија
во врска со прашањето за референдумот. Оттаму посочуваат дека оние кои не се согласуваат со партиските ставови, треба да почувствуваат одговорност, бдејки добиле поддршка врз основа на таа платформа, мислејки притоа на потпретседателката Лилјана Поповска која за разлика од раководството го поддржува претстојниот референдум за територијалната поделба. Говорејки за ова Иванов, додава дека мора да постои плурализам прво во самата партија, што значи различни мислења кои ке се почитуваат и врз чија основа ке се изгради став. Тоа, како што вели тој, е многу важно бидејки од тука пак се регрутираат лугето на челни позиции во државава:

„Многу малку се посветува внимание внатре во партиите. Тоа е на некој резултат и на странските донации, кои многу повеќе инвестираат во т.н. невладини организации, а партиите кои се клучни фактори при создавање на демократијата останаа на маргините. Внатре има премногу импровизација, така што ни доаѓаат министри коишто немаат основни познавања од демократијата. Не знаат што е процедура, почитување на меѓународни стандарди. Тоа е резултат на примитивизам во одредени партии, тие ги даваат луѓето што носат потоа одлуки.“

Затоа посочува професорот во партиите треба да се создаде амбиент за да се слушне поинакво мислење, а не само формално да се дозволи дејствување на фракции. За најавата дека во новата политичка партија на еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, Доста Димовска, Демократска републиканска унија за Македонија ќе се дозволат фракции Иванов вели:

„Тоа е реторика. Тие политичари кои се соочија со тоа, па сега мислат дека ќе направат нов чекор во функционирањето на партиите. Ама, тоа треба да се случува внатре во партиите. Вие и да дозволите и да не дозволите тие што не се со вас, ќе бидат против вас. Работата е да се почуствува демократскиот амбиент во партиите, секој што има свое мислење да го изразува тоа свое мислење.“
XS
SM
MD
LG