Достапни линкови

Фалуџа: Воздушни напади на американската авијација


Американската авијација во текот на изминатата ноќ извела неколку напади врз Фалуџа. Се прецизира дека цел на нападите биле зградите за кои постои сомневање дека биле засолништа на приврзаниците на јорданскиот исламист Абу Мусаб ал Заркави. Веќе неколку недели Фалуџа е под опсада на американските и ирачките сили, но засега нема индиции за евентуален копнен напад врз градот.
XS
SM
MD
LG