Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Буш ќе биде разочаран, но би прифатил ирачка фундаменталистичка влада на изборите


Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека и покрај тоа што ќе биде разочаран сепак ќе прифати доколку ирачаните на претстојните избори се изјаснат за формирање исламска фундаменталистичка влада. ,,Би бил разочаран, но демократија е демократија,, рече Буш во интервју за агенцијата Асошиетед Прес на прашањето како би реагирал доколку ирачаните изберат исламистичка влада. Инаку, две недели пред претседателските избори Џорџ Буш и неговиот противкандидат, сенаторот Џим Кери, како што јавуваат агенциите, ги заоструваат меѓусебните обвинувања во врска со нивните погледи за Ирак и војната против тероризмот. Додека Буш оценува дека кериевата политика на чекање е опасна, од штабот на Кери сметаат дека Буш е арогантен и не го слуша мислењето на меѓународната заедница.
XS
SM
MD
LG