Достапни линкови

Потпишан годишен план за соработка меѓу двете земји


Клучните зборови на нашата политика се европските интеграции и инфраструктурното поврзување, крајната цел е Европа без граници, изјави бугарскиот шеф на дипломатијата и воедно претседавач на ОБСЕ Соломон Паси. Во таа смисла и конкретно, демонстрација на бугасраката поддршка на македонските стратешки цели:

„Ја поддржуваме Македонија во нејзината желба да биде членка на НАТО. Ја поддржуваме Македонија во нејзината желба да биде членка на ЕУ,“

изјави Паси, по неговата средба со шефот на македонската дипломатија Илинка Митрева, откако беа потпишани годишен план за соработката во евро атлантските интеграции, но и договорот за развој на граничната инфраструктура и спогодбата за отворање нов граничен премин меѓу Македонија и Бугарија – Невестино, кај Делчево.

Според Митрева:

„Потпишувањето на оваа спогодба го одразува духот на взаемниот интерес за силно инфраструктурно поврзување на нашиот регион.“

Во таа смисла и најавите за обновување на ангажманот околу коридорот 8 и заживување на активностите за изградба на железничката линија Скопје – Софија.

Акцентот врз инфраструктурата и инвестициите се потврди и со ставот на Паси како актуелен претседавач на ОБСЕ за намалување на присуството на мисијата во регинов. Меѓународното присуство имаше позитивна улога, но време е да кажеме, мисијата е завршена:

„ОБСЕ треба да помисли да оди на друго место, каде што има повеќе потреба и ние имаме потреба од мисии за инфраструктура.“
„Проценка на Македонија е дека мисијата на ОБСЕ треба постепено да се намали.“


изјавија Паси и Митрева.

За македонските барања за бугарски државјанства Паси рече:

„Прашањето за државјанството еднаш засекогаш ќе се реши кога и Македонија и Бугарија ќе бидат членки на ЕУ.“
XS
SM
MD
LG