Достапни линкови

Поскапеа цените на градскиот превоз


Двојно постари возила од сообраќајните правила. Среќа, ако на автобуска станица чекате помалку од 15 минути за автобус. Или пак, да стигнете на посакуваната цел без по пат да се расипе автобусот. Ова се континуирано поплаките на скопјани, но нивниот глас, велат, тешко допира до надлежните од ЈСП

„Понекогаш се чека повеќе од половина час. Сабота и недела ги нема воопшто.“
„Јас живеам во населба Лисиче, стари се автобусите.“
„Се расипуваат“


Застареноста на автобусите и нивното доцнење го признаваат и во ЈСП, но оттаму велат дека тоа е од објективни причини, а отсуството на квалитет во нивните услуги го правдаат со недоволната профитабилност на претпријатието:

„Вака како што е изготвен возниот ред е усогласен со потребите на граѓаните. Нашиот возен парк е веќе двојно постар од пропишаниот. И годините на старост си го прават своето. Ама, сепак успеваме да го замениме возилото за повторно да се вклучи во сообраќај,“

изјавува Јелица Цветанова Димитровска, технички директор во ЈСП.

Со оглед на ваквата состојба, продолжуваат граѓаните, воопшто не е оправдано и последното поскапување на цените на автобускиот превоз, чија цена на билетите е зголемена за дополнителни 5 денари, а на месечните карти за 100 денари, поради зголемените цени на нафтата:

„Не се оправдани цените според услугата.“
XS
SM
MD
LG