Достапни линкови

Флорида: Почнува предвременото гласање за претседателските избори


Денеска во Флорида почнува предвременото гласање на изборите за американски претседател и за членови на Конгресот. Законот во Флорида дозволува избирачите да можат да гласаат петнаесет дена пред датумот на изборите, втори идниот месец. Резултатите во Флорида, според посматрачите, можат да бидат пресудни за натамошните шанси на двајцата главни кандидати Џорџ Буш и Џон Кери. Според последните анкети, Буш имал тесна предност пред Кери.
XS
SM
MD
LG