Достапни линкови

logo-print

Белорусија: ОБСЕ денеска ќе ја соопшти оценката за изборите


Посматрачите на ОБСЕ денеска се очекува да ја соопштат нивната оценка за парламентарните избори и за референдумот што вчера се одржаа во Белорусија. Централната изборна комисија синоќа соопшти дека седумдесет и седум насто од гласачите го поддржале референдумот со што сегашниот претседател Александар Лукашенко ќе може и по трет пат да се кандидира на таа функција. Станува збор за измена на одредбата на Уставот со кој сега е предвидено само два мандата за шефот на државата. Лукашенко е на чело на Белорусија од илјада деветстотини деведесет и четвртата година.
XS
SM
MD
LG