Достапни линкови

Белорусија: Парламентарни избори и референдум


Во Белорусија денеска се одржуваат парламентарни избори, и референдум кој би требало да му овозможи на претседателот Александара Лукашенко да се кандидира уште еднаш за оваа функција. Вториот мандат на Лукашенко истекува во 2006 година и по сегашниот Устав на оваа земја тој нема право да се кандидира повторно за таа функција. Лукашенко им предложи на граѓаните да оговорат на прашањето дали се согласуваат нивниот претседател да се кандидира за трет мандат, односно дали се согласуваат од Уставот да се укине одредбата со које се ограничува можноста два пати да се кандидира за претседател на државата. За да успе референдумот потребно е на гласање да излезат над 50 посто од избирачите.
XS
SM
MD
LG