Достапни линкови

logo-print

Недостаток на водечки кадри, стерилност и отсуство на политичка зрелост


Недостаток на водечки кадри, стерилност и отсуство на политичка зрелост, вака ги оценуваат експертите, актуелните внатре партиски превирања, на македонката политичка сцена што резултираа со разединување на опозицоната ВМРО-ДПМНЕ, „жестока битка“ околу изборот на лидер во владеачкиот Социјалдемократски сојуз, проблем со кој во моментов се соочува и Партијата за демократски просперитет.

„Некои инвентивни луѓе, партиите до сега ги нарекуваат султанистички. Се беше врзано околу некои личности, и најтесната мрежа околу нив, значи постои недоволно зрела организациј која ќе може да се носи со превирањата од таков вид. Но, во моментот тоа се рефлектира и со отсуство на реално водство во политиката и тоа веќе е сериозен проблем,“

Коментира политикологот Панде Лазаревски.

Една од причините за овие судири во политичките елити во Македонија, е нивната неуспешност и бегање од одговорноста за лошата ситуација во земјата години наназад, објаснува експертот Мерсел Биљали:

„Тешко може да се каже дека политичките партии си имаат организираност, како што треба да има една политичка партија. Тие елити повеќе се затворени во себе, со декларативна програма и практично општествените процеси се автоматизирани, па расте притисокот од долу.“

Разединувањето и ослабнувањето на политичките партии според Биљали нема да се рефлектира негативно на македонската политичка сцена:

„Мислам дека мора да излезе позитивен и нов квалитет. Се трага по нов политички идентитет.“

Надоврзувајки се на позитивните моменти во оваа ситуација, Лазаревски ја потенцира ,,контролната улога,, на веќе созреаното македонско граѓанство, кое јасно го препознава и оценува работењето на партите и станува реален партнер на власта.

„Почнува да се наметнува на политичката сцена едно зрело граѓанство кое може да го артикулира својот став. Апстиненцијата на претседателските избори не беше немање на став, туку став, ние не излегуваме на гласање зашто немаме добар избор.“
XS
SM
MD
LG