Достапни линкови

Неформален состанок на министрите за надвореши работи


Светот на дипломатијата високо ги цени неформалните средби без оглед дали се на претседателско, премиерско или на министерско ниво, вели професор Димитар Мирчев во пресрет на охридското среќавање на министрите за надворешни работи на земјите од Западниот Балкан на кое, ќе присуствува и шефот на француукста дипломатија Мишел Барние. Таквите средби создаваат поволна клима меѓу земјите учесници, вели Мирчев:

„Второ, очкувањата од тие средби и кај јавноста и кај дипломатите не се така високи, како кај формалните средби, затоа ефектите и резултатите многу често се исклучително погодни. И трето, мислам дека на тој начин во реалните меѓународни односи, има многу повеќе шанси нешто да се договори што не е формализирано во правен акт. Затоа мое лично мислење е дека оваа средба.“

Таа меѓу другото со самиот факт што претставува демонстрација на заедничките цели уште еднаш ја потврдува промената на квалитетот на односите на земјите од регионот, вели Мирчев:

„Очигледно е дека земјите од Западен Балкан имаат заеднички интереси, слична меѓународна позиција и слична цел во поглед на интегрирањето во ЕУ и дека меѓународната заедница, па и ЕУ има слични барања, за реформи, забрзан развој, стабилизација на сите земји од Западен Балкан. Затоа овие средби се важни.“

На нив, вели Мирчев, можат да се договорат и акции што во формални ситуации не би можеле:

„Дури мислам дека некои влади и нерадо прифаќаат обврски од формален карактер, за да не се помисли дека се обновуваат некои политички асоцијации или структури на Западен Балкан, затоа мислам дека овој вид дипломатија е важен за регионот.“
XS
SM
MD
LG