Достапни линкови

Светот дозна за храброста на македонските војници во Ирак


„Без проблем би отишол и повторно, и не само во Ирак, туку било каде, кадешто би требало да ја претставувам мојата единица и мојата земја.“

Вака накратко го започнуваат разговорот, македонските војници, учесници во мисијата „Слобода за Ирак“, на чии униформи веќе „блескаат“ воените медали, што деновиве ги добија од американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд, како потврда за нивната извонредна храброст, ангажирање во извршување на должностите и спасување на животи на американски војници. Како беше? - продолжуваат, „незнаете од каде ве демне опасноста, но посебно е чувството кога ке спасите нечиј живот,“

„Во еден момент навлеговме во заседа, се отвори силен оган врз нас, успеавме да се соземеме, да возвратиме на ударот и да ја завршиме работата онака како што знаеме. Тоа беше комбинирана македонско – американска патрола и ние помогнавме да ги извлечеме од опасната зона, северно од Багдад,“

раскажува Стојанче Патаровски, припадник на специјалната едница на АРМ, потсетувајќи се на денот кога неговата патрола паднала во заседа, а храбрата акција резултирала со спасување животи на американски војници, заробени осум бунтовници и голем број оружје. Слично искуство дели и неговиот колега Ѓорѓи Станковски:

„9-ти август, температурата беше преку 60 степени. Добив задача, заедно со мојот тим да обезбедуваме американски конвој. На пат за Багдад, на две места ни го поклопија конвојот со оган, се извлековме од таму, додека се извлекувавме, двајца војници веќе паднаа, ги извелков на безбедна дистанца, до најблиската воена болница, кадешто им пружија прва помош и се вративме до базата. Најнормален ден во Ирак.“

„Светот дозна за нашата храброст, а ние придонесовме за него со учеството во антитерористичката коалиција и борбата против тероризмот“

„Сите ние носиме униформи, сите ние сме војници. Таму не се гледаше, дали си Американец, дали си од Полска или Македонија. Сите ние таму бевме за иста цел – борба против глобалниот тероризам.“

Станковски, Патаровски, Чичевски и нивниот колега Мишачковски, кој во моментов е на доусовршување во странство, се првите македонски војници кои заминаа во мисијата во Ирак заедно со 30 нивни колеги. По нив Македонија испрати уште два контингента.

Наградите, ја потврдија нашата професионалност и храброст, а чувството дека сте продонеле за како што вели и самата мисија ,,Слободата за Ирак“ е огромоно, завршува со разговорот најмладиот од нив, војник Ставре Чичевски:

„После наградата можам да кажам дека сум горд што сум еден од првите македонски војници што воопшто добиле ваква награда и нека биде пример за сите останати.“
XS
SM
MD
LG