Достапни линкови

Во фокусот економските и безбедносните прашања


Американскиот претседател Џорџ Буш и неговиот против-кандидат, сенаторот Џон Кери, во последната јавно соочување пред претседателските избори што ќе се одржат на 2-ри ноември, дебатираа за економски и безбедносни прашања. Трката за претседателската функција и по оваа дебата, останува изедначена.

Третата и последна телевизиска дебата пред изборите, Буш ја искористи за одбрана на американските воени интервенции во Ирак и во Авганистан. Тој оцени дека Соединетите Држави можат да бидат безбедни единствено доколку ја продолжат офанзивата за ширење на слободата и демократијата во светот.

„Јас сум оптимист дека ќе победиме во војната против теророт, но јас разбирам дека тоа бара силен одговор и јасна цел. Не смееме да се двоумиме против непријателите и нивната идеологија на омраза.“

Кери со став дека одлуката на Буш да го нападне Ирак ја направи Америка ранлива, оценувајки дека војната против тероризмот може да се води попаметно и со поефикасна соработка со сојузниците.

„И со верба во Господ и убеденост во мисијата на Америка, верувам дека можеме да постигнеме подобри резултати.“

Двајцата кандидати имаа тотално различни ставови речиси за секое прашање. Кери истакна дека за време на мандатот на Буш е создаден огромен буџетски дефицит, голем број луѓе останаа без работа и оти се игнорирани потребите на средната класа.

„Децата во нашата земја немаат здравствена заштита. Ние сме најбогатата земја на планетата во која го нема тоа. Имам план за здравствена заштита на сите американци.“

Буш со одговор дека економските и буџетските проблеми започнале од неговиот претходник, демократот Бил Клинтон, но оти сега американската економија зајакнува, аргументирајки дека Соединетите Држави се земја на можности за многумина луѓе од странство.

„Многу луѓе доаѓаат во оваа земја од економски причини. Ако на пример во Мексико се заработува 50 центи за час, а во Америка минимум 5 долари, тогаш се е јасно.“

Последната телевизиска дебата на двајцата кандидати ја следеле околу 47 милиони американци и според направените анкети, трката останува изедначена.
XS
SM
MD
LG