Достапни линкови

logo-print

Букурешт: Отворен неформалниот состанок на министрите за одбрана на НАТО


Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер денеска го отвори неформалниот состанок на министрите за одбрана од земјите-членки на НАТО, кој се одржува во Брашов, на романските Карпати. Во своето кратко излагање Шефер нагласи дека министрите за одбрана на состанокот ќе дискутираат за трансформација на НАТО, за меѓународниот тероризам и за реагирањето на тој феномен, за операциите во Авганистан, на Балканот и за учеството во обуката на ирачките безбедносни сили, а исто така ќе се разгледа и прашањето за јакнење на врските меѓу политичката одлука и одговорноста на Алијансата во територијата. На неформалниот состанок ќе учествува и американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд. Генералниот секретар на НАТО истакна дека утре министрите за одбрана ќе се состанат со рускиот министер за одбрана Сергеј Иванов. Мерките за безбедност за време на состанокот на НАТО се исклучително зајакнати, според стандардите на Алијансата. Полицијата, жандармеријата и воената полиција ги контролираат сите лица и возила кои се приближуваат кон Брашов, а шест воени хеликоптери го надгледуваат местото од воздух.
XS
SM
MD
LG