Достапни линкови

logo-print

Повисоки цени


Со обврските преземени со атинскиот меморандум пазарот на електрична енергија во Макеоднија ќе се либерализира. Чекор до слободното тргување со електрична енергија е потпишувањето што ќе следува во месец декември на договорот за влез во енергетската заедница на Европската Унија. Од владата велат реализирањето на овој проект исклучително позитивно ќе се одрази врз македонската економија.

„За Македонија тоа ќе значи сигурност. За субјектите корисници на електрична енергија и гас, дека ќе добиваат енергија по цени кои им гарантираат профитабилно работење,“

вели Гоце Пачемски, портпарол во министерството за економија. Експертитите од областа на енергетиката со спротивен став, Макеоднија има најсника цена на електричната енергија, со либерализирањето на пазарот цената на овој енергенс може само да се зголеми.

„И сега е слободен пазарот, ако има ефтина енергија некаде може да ја купиш, ама никаде нема поефтина енергија отколку во Македонија,“

вели академик Томе Бошевски. Либеразлизирањето на пазарот на енергија значи дека до почетокот на 2008 година сите македонски стопански субјекти ќе можат слободно да го набавуваат овој енергенс и од земјите на југоситочна Европа под идентични услови.

„На Пример Југохром како голем потрошувач на електрична енергија, ќе може да купи електрична енергија од термо електрана во Словенија или Хрватска, по исти цени како од Битола.“

Сопственикот на Југохром и ФЕНИ со владата потпиша такви поволни договори за набавка на електрична енегија што според Бошевски овие две компании кој консумираат 20% од вкупната потрошувачка на електрична енергија во државата немаат интерес за соработка со останатите пазари од регионот:

„Тие во никој случај не може да најдат електрична енергија поефтина отколку од онаа што ја купуваат од владата на Република Македонија. Според тоа, јас се сомневам дека Југохром ќе купува енергија од Словенија, кога во Словенија е пет пати поскапо отколку овде во Македонија.“

Можноста до 2015 и домаќинствата да можат слободно да избираат од кого ќе купуваат електрична енергија според Бошевски е неискористлива.

„За дистрибутивната потрошувачка тој пазар не значи ништо, затоа што домаќинствата и широката потрошувачка не може да излезе на тој пазар.“

Договор за влез во енергетската заедница се реализира по патронат на пактот за стабилност, а покрај нашата земја овој договор со ЕУ во декември ќе го потпишат И Бугарија, Романија, Турција, Албанија, Србија и Црна гора, Хрватаска.
XS
SM
MD
LG