Достапни линкови

Македонската јавност не е целосно запозната со вкупната американска поддршка


Идната година Македонија и Соединетите Држави одбележуваат десет годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи

„За Република Македонија партнерските односи со САД се од стратешко значење и највисок национален интерес,“

вели Гоце Георгиевски државен советник во македонското министерство за надворешни и некогашен дипломат во Вашингтон. Една од битните димензии на овие односи е и се позачестената употреба на името Макеоднија. Ова се отсликува и во сите изјави на американските претставници што за разлика од некогашните формулации на европјаните вашата или оваа земја во обраќањето се директни:

„Овде сум за да му заблагодарама на народот на Македонија и владата на Македонија за силната поддршка во глобалната војна против тероризмот."

изјави третиот човек на американската админситрација Доналд Рамсфелд откако го потпиша договорот за воена соработка, што беше доволно за медиумите во Грција да заклучат дека американската влада практично го призна уставното име на земјата. Името Македонија фигурира на три билатерални договори со Соединетите Држави и на Јадранската повелба. Ова особено стана пракса за време на админситрацијата на претседателот Буш, откако владата го потпиша договорот за изземање на американските војници од надлежноста на меѓународниот кривичен суд, стана дел од коалицијата против меѓународниот тероризам, испрати свои војници во Авганистан, а потоа и во Ирак. Истакнувањето на благодарноста на американските претставници ниту еднаш не е пропуштено да биде направено. Таа се огледа и во американската поддршка за макеоднските амбиции за члентвсо во НАТО. Освен што е потписник и ментор на Јадранската група во чии рамки Македонија Хрватска и Албанија очекуваат покана за членство до двеилјади и седмата, Вашингтон не помага и конкретно

„До сега на Република Македонија преку надворешното воено финансирање на САД и се доделени 63 милиони долари. Поголем дел од овие средства се употребени за модернизација на АРМ.“

изјави портпаролот на министерството за одбрана Марјан Ѓуровски. Помошта на Содеинетите Држави надвор од областа на одбраната ја процесуира агенцијата за меѓународен развој УСАИД. За годинава таа изнесува 45 милиони долари. Сепак Македонија е една од ретките земји во која е извршен напад врз американска амбасада, одредувањето на нејзината нова локација во близина на скопското Кале предизвикува жестоки реакции, не помалку и пораките што доаѓаат во врска со рефередумот. На што се должи тоа:

„Ставот или јавното мислење во однос на оваа земја е прашање за посебно истражување. Но, исто така факт е дека јавноста сеуште ги нема комплетните сознанија за вкупната асистенција на САД.“

вели Георгиевски.
XS
SM
MD
LG