Достапни линкови

Причина е незавршениот процес на трансформација на полицијата, не референдумот


Барањето за продолжување на ммисијата на „Проскима“ произлегува од фактот што процесот на трнасформација на полицијата сеуште не е завршен, објаснуваат од македонската влада, откако Брисел донесе позитивен одговор на нашето барање и го продолжи мандатот на европолицајците за уште една година. Една од причините е и фактот што создавањето на граничната полиција исто така не е завршено, а улогата на „Проскима“ во создавањето на интегриран граничен менаџмент е еден од нејзините приоритети. Од владата прецизираат дека барањето за нов мандат на европолицајците содржи и некои измени на досегашниот профил на „Проксима“. За разлика од сега, кога нивните полицајци се стационирани првенствено во неколку градови во Макеоднија Скопје, Охрид, Тетово, Куманово, Гостивар, Дебар и Кичево, сега тие би требало да бидат распоредни на целата територија со првенствено едукативна функција. Генералната рамка на делувањето на новата „Проскима“ во основа, сепак, не е изменета, вели портпаролот на Европската Унија во Македонија Шина Томпсон:

„Една од главните цели на мисијата ќе биде натамошна поддршка и развој на македонската полиција. Упатставата добиени од Европската Унија се „Проксима“ да биде фокусирана на менаџирањето на средно и високо ниво во полицијата, потоа подобрување на борбата против организираниот криминал што е навистина приоритет како и јакнењето на довербата на населението во полициските сили.. Во фокусот на мисијата ќе биде и ангажманот што „Проксима“ го започна годинава за создавањето на граничните полициски сили,“

вели Томпсон. Деталите на мисијата ќе бидат дефинирани во соработка со македонската влада и конкретно со министерството за внатрешни работи во следниов перод до истекот на сегашната мисија. Таа сега брои 180 евро полицајци, но не е исклучено во идната мисија тој број да биде намален. И од владата и од Европската Унија категорично се негира дека одлуката за продолжувањето на мисијата има врска со загриженоста за состојбите во земјава во контекст на предстојниот рефередум:

„Продолжувањето на мандатот на „Проксима“ е веќе подолго време на агендата на Советот и оваа одлука нема никаква врска со рефередумот,“

изјави Шина Томпсон.
XS
SM
MD
LG