Достапни линкови

Во Црна Гора нема политичка волја за борба против корупцијата


Во Црна Гора сеуште нема политичка волја за борба против корупцијата, сметаат експертите. Отвореното писмо од државниот обвинител на Црна Гора Весна Меденица, која од министерот за полиција Драган Ѓуровиќ побара да понуди докази за тврдењето дека во редовите на државните обвинители има корумпирани, или јавно да се извини, аналитичарите главно го оценуваат како продолжување на тенденцијата на затворање на очите пред тој проблем во Црна Гора.

Коментирајќи го ставот на државниот обвинител Весна Меденица дека во обвинителството на Црна Гора нема корумпирани, претседателот на Здружението на правници Станко Мариќ оценува дека е неспорно оти корупција во правосудството и во обвинителството има во разни појавни облици, што според негови зборови, сериозно ги забавува и оневозможува спроведувањето на законите и на правдата во Црна Гора.

„Така што тие разни појавни облици ги има во сите општества, а во општество во транзиција, какво што е нашето, се многу поизразени. Во тие институции и органи со децении работат истите луѓе, а сите истражувања покажаа дека корупцијата е присутна.“

Мариќ додава дека цврстиот став на Весна Меденица, која се спротистави и на самиот збор корупција во Обвинителството, јасно покажува дека во Црна Гора не постои основна политичка волја за борба со тоа општествено зло.

„Ако нема основна политичка волја, она што ги определува и насочува сите текови на општеството, тогаш тешко дека некој поединец ќе посегне по мерки кои ќе значат борба против корупцијата, бидејки ќе остане осамен и едноставно не можат да се постигнат резултати.“

Извршниот директор на групата за промени Небојша Медојевиќ
XS
SM
MD
LG