Достапни линкови

logo-print

Почина американскиот актер Кристофер Рив


Американскиот актер Кристофер Рив, филмскиот „Супермен“ кој пред девет години остана парализиран како последица од падот од коњ, почина во неделата во својот дом во Њујорк на 52 годишна возраст. Рив, меѓу другото, беше познат во светот и по неговиот оптимизам покажан по инцидентот и признат по поддршката и лобирањето во името на испитувањето на рбетниот мозок.

Ова беше музичката тема од фимските мега хитови за Супермен со кои во доцните седумдесети години на минатиот век се прослави Кристофер Рив. Фаталниот пад од коњ во 1995 година го врза актерот миленик и на помладите и постарите генерации за инвалидска столица. Кристофер Рив го скрши вратот и беше парализиран до степен што не можеше да диши без респиратор. Неговите рани неколку дена пред смрта се инфицираа, компликација од лежење за која лекарите велат дека е заедничка за парализираните луѓе. Крисофер Рид е актерот кој се прослави и надвор од глумата. Многу бргу по инцидентот во 1995 светот му одаде признание за неговата храбрoст во борбата со болеста и залагањето за истражување на рбетниот мозок. Неговата подршка ова прашање го постави и во актуелната претседателска кампања во Соединетите Држави меѓу претседателот Џорџ Буш и сенаторот Џон Кери. Рив лобираше во Конгресот и за подобро осигурување од повреди. Како негови зборови се паметат и оние од церемонијата во Холивуд дека филмската заедница може да стори повеќе од другите. Најпознатиот супермен велат сакаше на ликот да му даде друга димензија од онаа херојската. Во едно од неговите сеќавања за Супермен, Кристофер Рив рече дека е загрижен од типизирањето на улогата на Супермен

„Мислев дека е најважното да не се престави како херој. Супермен не треба да е важен сам посебе и мијата идеја е дека тој е пријател. Во една точка Лоис Лејн праша. Кој си ти ? Супермен одговори – Пријател.“

Рив по несреќата по падот од кољот се сврти и кон режијата, а дури и глумеше во римејкот на Алфред Хичкот ,,Прозорец кон дворот,, за кој ја доби наградата на Здружението на глумците за најдобра улога во телевизски филм или мини серија. Кристофер Рив е автор и на две книги – ,,Се уште Јас,, која во 1998 стана бест – селер најдобро продавана книга на Њу Јорк Тајмс и на ,, Ништо не е неможно – Рефлексии на новиот живот. во 2002 година. Аудио снимките од книгите беа номинирани за наградите Греми. Актерот Кристофер Рив беше роден во Њу Јорк како син на новинар и новелист. Неговите метар и 92 сантиметри го направија природен избор за насловната улога во неговиот прв Супермен. Тој живееше со сопругата Дана и нивниот 12 годишен син и две возрасни деца од претходните врски.
XS
SM
MD
LG