Достапни линкови

Во Скопје тивко, а некогаш се славеше, ерозија на вредности или заборав?


„Не е она како што било некогаш. Јас утрово си ја запеав песничката што како ученичка ја пеев во хорот. Меѓутоа, не е се чувствува празник како празник.“

Ете тоа, вели оваа скопјанка ми преостана како единствен начин во недостаток на соодветна прослава за денешниот 11 октомври, да си споменам едни минати времиња кога прославата на празниците имаше посебен смисол.

Ново поглавје во државното уредување, а со тоа сосема поинакви вредности и наметнување на нови празници, одумирање речиси на се што беше симбол на еден поинаков систем во кој живеевме, вака останатите македонски граѓани го доживуваат денешниот празник:

„Дали е тоа можеби дел од Рамковниот договор толку да не се истакнуваат националните празници како 8-ми септември или 11 октомври. Мислам дека македонскиот народ како намерно да сака да го смени својот идентитет“
„Ова се со сила го прават.“
„Полека полека се заборава, веројатно мислат дека е празник на комунизмот, иако не е празник на комунизмот.“


Но, одбележувањето на празниците, не е случај само со денешното прославување. Пренесувајќи се во минатите времиња, говорејќи за се поприсутната загубена традиција генерално во славењето на празниците, зборувајќи за наметнатите проблеми, за немаштијата која ги притиска, продолжуваат граѓаните, влијае на одумирањето на онаа не толку дамнешна традиција во прославувањето на празниците:

„Од самата немаштија и празниците веќе не се традиција.“
„Ги загубивме навиките, затоа што власта не организира ништо како порано.“
„Генерално е ерозија на сите вредности, деградација на моралот, бледее полека, полека, а нови вредности нема.“


Скопје, тоне во тишина, во недостаток на соодветна прослава, која за денешниот 11 октомври поминува со по некое собирање на преостанатите сведоци, борците од Народноослободителната борба, вклучувајќи го и неработниот ден, е единственото потсетување дека денес се празнува.
XS
SM
MD
LG