Достапни линкови

Газа: Шарон ќе говори во парламентот за планот за повлекување од Газа догодина


Израелскиот премиер Ариел Шарон денеска ќе говори во Парламентот за планот за повлекување од Појасот Газа во наредната година. Според аналитичарите, на Шарон му е потребна подршката од опозиционата Лабуристичка партија за планот да добие мнозинство во Кнесетот. Во меѓувреме, израелските сили ја продолжуваат офанзивата во Газа против милитантите. Околу 90 палестинци се убиени од почетокот на израелските акции пред 12 дена.
XS
SM
MD
LG