Достапни линкови

Багдад: Четири лица загинаа во експлозија на граната во близина на министерството за нафта


4 лица загинале а две се повредени во експлозија на граната што утринава се случи во близина на зградата на ирачкото министерство за нафта во Багдад, јавуваат агенциите повикувајќи се на полициски и болнички извори. Портпаролот на Министерството за Внатрешни Работи на Ирак изјави дека експлозијата се случила околу 7 часот утринава. Во последниве две недели, ирачкото министерство за нафта, кое се наоѓа во центарот на Багдад, два пати беше цел на напади, но притоа немаше жртви.
XS
SM
MD
LG