Достапни линкови

Осло: Вангари Матаи од Кенија добитник на Нобеловата награда за мир


Кенијката Вангари Матаи е годинешен добитник на нобеловата награда за мир, е соопштено денеска во Осло. Матаи, која е помошник министер за развој во владата на Кенија, е прва жена од Африка, која го добива ова престижно признание за, како што се вели во образложението, нејзината работа во движењето Зелен појас, кое промовира мир, демократија и развој и кое насади 30 милиони дрва во Африка. Движењето Зелен Појас е основано во 1977 година за промоција на биолошката различност, отворање нови работни места и за зајакнување на идентитетот на жените во општеството.
XS
SM
MD
LG