Достапни линкови

70 насто од граѓаните имаат проблеми во добивањето информација од институциите


„Најчесто одговорот е немаме информации, ќе треба да почекате,“

Вака ја опишуваат македонските грагани „голготата“ низ институциите во државава, трагајќи по потребната информација и неможноста поради нивната затвореност да се добие одговор:

„Ние имавме искуства во однос на добивањето стипендија во Министерството за наука, затоа што работата на министерствата сеуште продолжува по застарен систем.“

Продолжува анида цецева образложувајки го својот конкретен проблем со недостапноста на македонските институции. А нејзиното искуство според анкетата на Транспарентност Македонија, го делат околу 70% од македонските грагани кои кога побарале информација имале потеШкотии да ја добијат. Иако, добивањето на соодветни одговори, е уставно загарантирано право на граганите, во недостаток на Закон за пристап до информации, затвореноста на владините институции во земјава станува вообичаено правило. Позитивностите од Законот, со кој институциите ке мораат да бидат поотворени кон граганите, би биле многукратни.

„Граѓаните, немајќи го овој закон за пристап до информации, практично и немаа можност да си ги побараат своите права или да стигнат до информации и со тоа да вршат надзор во работењето на институциите на системот во Република Македонија. Овој закон е многу корисен во бисниз секторот во секоја земја, замислете колку би била голема моќта на бизнисот кога би можеле да добијат информација кој добил одреден тендер, за колку пари, за колку време била завшрена работата,“

објаснува Зоран Јачев од Транспарентност Македонија.

Неговото, донесување иако во последниве години, повеќе пати беше укажувано се одолговлекуваше. Во Министерството за Правда, како подготвувач на текстот на законот за пристап до информации, дури сега се финишираат работите и наскоро се очекува тој да влезе во Владина процедура.

„Условно, Доцнењето на носењето на овој закон е во насока на донесување на еден добар, изржан закон,“

изјавува Мирјана Илиева од Министерството за Правда.

Освен овие причини, од Транспарентнсот Македонија, изјавуваат.

„Ова е комплетно отворање на институциите за граѓаните и затоа секоја Влада одбегнува да донесе ваков закон за да не биде отворена кон граѓаните.“
XS
SM
MD
LG