Достапни линкови

Последни подготовки за стартот на кампањата


Камапањата за референдумот против територијалната организација што почнува од утре според најавите на Центарлниот штаб од здружените партии од опозицијата ќе биде едноставна и скромна, но ефиксна:

„На терен 20 илјади волонтерри кои ќе анимираат 500 илјади граѓани од врата на врата, од човек на човек, за обезбедување масовност за одржувањето на референдумот.“

Тодор Петров наедно најави дека во гласачките одбори ќе бидат вклучени девет илјади членови, а покрај гласачките места ќе има десет илјади набљудувачи. Во меѓувреме, формирани се сите 34 општиснки штабови. Организаторите на референдумот наедно најавуваат дека во кампањата ќе излезат со единствен пропаганден материјал за сите учесници под слоганот заокружи за ќе биде организирано и движење на два каравана низ државата за средби со граѓаните како и низа јавни настапи во медиумите.

Покрај организаторите со референдумот денеска се занимаваат и повеќе други тела. Државната изборна комисија на седница посветена на претстојниот период ги прецизира оперативните чекори. Во фокусот се утврдување и копмлетирање на составот на одделните општински изборни комисии како и утврдувањето на вкупниот број на домашни и странски набљудувачи. Според најавите од ДИК пројавувањето на домашните наблудувачи е во тек, а последен рок до кога тоа треба ад заврши е седум дена пред одржувањето на референдумот на 7ми ноември. Покривањето на референдумот преку електронките медиуми ќе претставува обврска на Советот за радиодифузија. Претседателот на Советот за радиодофузија Ѓорѓи Варошлија во врска со препораките за медиумското следење на капмањата изјави:

„Неколку одредници се битни, за избалансираност, рамноправен пристап на различните групи, кои партиципираат во референдумот, се во намерата да се овозможи еден непристрасен однос на медиумите, демократски амбиент, во којшто нема да има фаворизирани групи.“

Препораките за следење на референдумот се тема на јавна дебата што ја организираат Советот за Радиодифизија и ОБСЕ. Портпаролот
Никола Гаон – во таа насока изјави:

„Очекуваме Референдумот да се одржи соглсно демокртските пронципи со позитивна кампања во која граѓаните ќе можат да го донесат својот избор врз основа на добра информираност.“
XS
SM
MD
LG