Достапни линкови

Вашингтон: Ирак немал оружје за масовно уништување пред започнувањето на војната


Ирак, пред започнувањето на минатогодишната војна, немал залихи на хемиско, биолошко или нуклеарно оружје. Ова е заклучокот во извештајот на главниот американски инспектор за оружје Чарлс Дулфер, презентиран во соодветниот комитет на Сенатот. Тој наведе дека Садам Хусеин по деведесет и првата година го уништил хемиското и биолошкото оружје иако планирал повторно да го набави по укинувањето на санкциите врз Ирак. Без да го спомнува овој извештај, претседателот Џорџ Буш синоќа повтори дека постоела вистинска опасност ако Хусеин ги снабдел терористите со оружје за масовно уништување.
XS
SM
MD
LG