Достапни линкови

Новиот Балкан, повеќе слога, помалку неслога


Новиот Балкан, повеќе слога, помалку неслога. Под ваков наслов Џејнс Форин Рипорт објавува анализа за тоа дали западната интервенција може да придонесе за одвраќање на етничката поделеност и граѓанските војни во светот.

Постои еден регион во светот каде што одговорот е условно да. Југославија влезе во граѓанска војна во илјада деветстотини деведесет и првата. По тринаесет години и илјадници жртви, сега таму преоваладуваат мир и стабилност. Неколку нови држави, создадени од урнатините на Југославија, тоа многу добро го прават, додека преостанатите, главно се тука некаде. Во сите случаи, иднината изгледа посветла отколку што тоа беше во скорашното минато. Словенија беше првата од југословенските републики која се отцепи во скоро некрвавата сецесија пред тринаесет години. Најлибералната и најбогата од сите, Словенија веќе стана членка на НАТО и на Европската Унија. Сепак, словенечкиот либерален карактер има граници: Љубљана останува единствениот главен град во Европската Унија во кој нема џамија и каде што постојано се одвраќаат обидите на околу пеесете илјади муслимани да ја изградат. Хрватска, по смртта на Фрањо Туѓман пред пет години има подемократски и интернационалистички влади. Економијата е во пораст за четири проценти годишно и земјата е кандидат за членство во Европската Унија. Таа, како што пишува Џејнс Форин Рипорт, се обидува да расчисти со своето нацистичко минато и да соработува со Хашкиот трибунал за воени злосторства е кандидат за влез во Унијата. Босна и Херцеговина најмногу страдаше за време на југословенските војни и останува најпроблематична. Дејтонскиот договор произведе етнички поделена владина структура, бошњачко хрватската федерација и Република Српска, а невработеноста е пеесет насто. Што се однесува до Југославија, таа кончено престана да постои во две илјади и втората кога го смени името во Србија и Црна Гора. ,,Ито,, во новото име е се: двата елемента се лабаво поврзани. Единствено заеднички им се одбраната и надворешните работи. Косово, со капитулацијата на Белград по НАТО бомбардирањето, веќе пет години е протекторат на Обединетите Нации, но номинално се уште е под републички суверенитет. Од друга страна, албанците не сакаат ништо помалку од незвисно Косово. Ако решението за Босна и Херцеговина е неелегантно, она за финалниот статус на Косово, како што изгледа, ќе биде позавиено. Некаков вид на независен албански косовски ентитет, со некаква консултативна улога на Белград и со некои српски кантони во него. Ако НАТО влезе во војна за да го заштити косовското мултиетничко општетство, тоа не го исполни, пишува Џејнс Рипорт додавајќи дека Косово останува пресудно за нестабилноста во регионот. На неговата административна граница со Србија имаше терористички напади и вооружени инциденти. Особено загрижува Прешевската долина што се граничи со Македонија која, како што се наведува, иако успеа да избега од насилствата на југословенското распаѓање во деведесетите години, едвај ја спречи сопствената граѓанска војна и тоа благодарение на навремената западна интервенција. Македонија сега го имплементира Охридскиот договор, но предвидените промени на локалните граници наидоа на неприфаќање кај мнозинското македонско насление кое исфорсира референдум за тоа прашање. Како и да е, сегашната влада е респектабилна и ефективна, пишува Џејнс Рипорт, наведувајќи дека Македонија се етаблира како почитувана членка на меѓународната заедница со надежи, во блиска иднина, да влезе во НАТО и Европската Унија. Ако западниот инпут креираше некои од проблемите на Балканот, ангажманот на НАТО и на Унијата во регионот стори многу новите држави да излезат од конфликтот. Постојните етнички сомнежи се уште би можеле да експлодираат во некои делови на регионот, но сега таму има повеќе основа за оптимизам, отколку за очајување. Една опасност: Патронатот на Европската Унија и НАТО создаде пријателски западни лидери чии погледи можеби се надвор од оние на нивните народи, заклучува Џејнс Форин Рипорт.
XS
SM
MD
LG