Достапни линкови

Квалификационо „да“ за Турција


Европската Комисија денеска и формално препорача да започнат преговорите со Турција за нејзин влез во Европската Унија. Станува збор за, како што се вели, ,,квалификационо ,,да,, на обидите на таа земја да стане членка на Унијата.

Претседателот на Европската Комисија Романо Проди го информираше Европскиот парламент за ваквата одлука, додавајќи дека сепак Турција ќе треба да исполни извесни предуслови што би можело да ја спречат земјата на нејзинот пат на реформите во сферата на човековите права. Одлуката, според Проди, е врз основа на она што е забележано во досегашните напори на Турција за постигнување на европските стандарди.


Одговорот што Комисијата го даде е позитивен и со почитување на политичките барања се одобрува започнување на преговорите. Како и да е, тоа е ,,квалификационо ,,да,, што доаѓа заедно со серија на препораки со цел да се контролира и верификува ситуацијата во Турција.

Изјави Романо Проди, наведувајќи дека преговорите би можело да бидат прекинати:



Мора јасно и мирно да им се каже на нашите турски партнери дека секое нарушување на патот кон демократијата, човековите права и владеење на законот какви што постојат во Европската Унија веднаш ќе доведе до прекин на преговорите.

Се прецизира дека Европската комисија препорачува преговорите со Турција да бидат неограничени. Од друга страна, засега не е утврден и датумот на нивното започнување. Тоа, треба да го сторат лидерите на Европската Унија на нивниот состанок што треба да го одржат во декември годинава, се разбира ако претходно ја прифатат одлуката на Европската комисија. Министерот за надворешни работи на Холандија, земја која е актуелен претседавач на Унијата, Бен Бот изјави дека евентуалниот старт на преговорите со Турција би можело да биде во втората половина на идната година. Според Бот, извесно забавување на демократијата во таа земја, не е причина за започнување на преговорите. Турција веќе четириесет години се обидува да и се приклучи на Европската Унија и доколку најaвните преговори успеат, тоа ќе значи дека таа ќе стане првата муслиманска земја членка на Унијата. Сепак, многумина аналитичари сметаат дека Турција тоа не би можело да го постигне во наредниве десет години.
XS
SM
MD
LG