Достапни линкови

Можен ли е и економски „бум“ во Македонија?


Македонија мора Што побрзо да одговори на праШањата дадени од Европската унија , а потоа и сериозно да се зафати за исполнување на условите за влез во ова друШтво,. Времето минува, сугерира проефесорот од Правниот факултет Ванчо Узунов.


„Еднаш подготовките мора да почнат. Колку повеќе се одолговлекува со почетокот, толку подолго нема да станеме членка на Европската унија“

Доколку се погледнат одредени макроекономски параметри, македонија веЌе одамна требаШе да биде земја членка на Европската Унија


„По некои параметри таа е подобра од некои европски економии – по стапката на инфлација, по буџетска рамнотежа и буџетски дефицит таа е подобра од подобар дел членки на унијата“

Но според други параметри Македонија со години заостанува зад земјите од унијата


„На пример, по стапка на бруто домашен производ по жител, имаме барем 10 или 13 пати помалку од земјите членки на Европската унија. Други многу лоши стапки се во поглед на веработеност, некои социјални индикатори, меѓутоа, тие се кај нас искривени“

Европа треба да има во предвид дека макеоднскиот граЃанин живее за 50 % подобро отколку Што за тоа говорат официјалните макроекономски показатели


„Ако сивата економија е 50 отсто, тогаш автоматски толку подобро живееш, само што тоа не го регистрираш во официјалните податоци. На пример, имаме многу вработени на сиво. Тогаш, значи немаме невработени. Односно, имаме многу помалку“
Мора да сфатиме дека Европа не не прима за да ни ги реши проблемите, туку ќе не прими откако ќе ги решиме нив:

„Самиот чин на влегување, со журка на плоштад, нема голема вредност. Но, патот за да стигнеме до таму е тој што вреди“

Битно е дека имаме шанси. За тоа говорат и искуствата на другите мали земји како Македонија, објаснува Узунов.

„Може за десет години, ако случајно се спојат карите и се обере енергија, да се направи и бум“

До крајот на јануари Македонија Ќе мора да ги испрати одговорите од месттот каде Што пристигнаа праШањата. Потоа одтаму Ќе ни испратени потпраШања. И се така до 2006 година кога Ќе треба од Брисел да ни одговорат дали ги исполнуваме условите за добивање на статус кандидат земја членка на Европската унија.
XS
SM
MD
LG